"КОГА МОЌТА НА ЉУБОВТА ЌЕ ЈА ЗАМЕНИ ЉУБОВТА ЗА МОЌ, ЧОВЕКОТ ЌЕ ИМА НОВО ИМЕ: БОГ." - ШРИ ЧИНМОЈ

Духовност

Сите ние сме трагачи, а нашата цел е иста: да постигнеме внатрешен мир, светлина и радост, да станеме неразделно едно со нашиот Извор и да водиме живот на вистинска исполнетост.

Да се живее во радост е да се живее внатрешниот живот. Тоа е животот што води до себереализација. Себереализација е Богореализација бидејќи Бог не е ништо друго туку Божественоста што е длабоко внатре во секој од нас, чекајќи да биде откриена. За Бог исто можеме да кажеме Внатрешен Пилот или Севишен. Но без разлика кој термин ќе го употребиме, мислиме на Највисокото во нас, што е крајната цел на нашето духовно патување.

Духовната личност треба да биде нормална личност, здрава личност. Со цел да се достигне Бог, духовната личност треба да биде божествено практична во нејзините секојдневни активности. Со божествената практичност го споделуваме нашето внатрешно богатство. Ја чувствуваме божествената мотивација зад секоја активност и го споделуваме резултатот со другите. Духовноста не го негира надворешниот живот. Надворешниот живот треба да биде манифестација на божествениот живот во нас.

~ Шри Чинмој, „Крилја на радоста“