"КОГА МОЌТА НА ЉУБОВТА ЌЕ ЈА ЗАМЕНИ ЉУБОВТА ЗА МОЌ, ЧОВЕКОТ ЌЕ ИМА НОВО ИМЕ: БОГ." - ШРИ ЧИНМОЈ

Служење

„Исполнетоста на животот лежи во сонување и манифестирање на невозможните соништа.“

Шри Чинмој го посвети својот живот во следењето на еден сон: свет каде што хармонијата и единството владеат севишно. За таа цел, преку четириесет години беше динамичен поборник за меѓукултурното разбирање низ уметноста, атлетиката и хуманитарното служење.

Од доаѓањето во Америка во 1964-та година, Шри Чинмој воспостави широк спектар на културни, хуманитарни и духовни програми во многу земји, вклучувајќи безброј граѓани од сите сфери на животот.

На нови начини овие проекти ги згрижуваат античките и универзални вредности кои се суштината на сите култури и вери. Со негување на растот на срцето на единството, учесниците во овие програми се стремат да понудат колективна енергија за подобрување на светот.