"КОГА МОЌТА НА ЉУБОВТА ЌЕ ЈА ЗАМЕНИ ЉУБОВТА ЗА МОЌ, ЧОВЕКОТ ЌЕ ИМА НОВО ИМЕ: БОГ." - ШРИ ЧИНМОЈ

Папата Јован Павле II

 Од Папата Јован Павле II до Шри Чинмој

„Посебни благослови за Вас. Посебни поздрави до Вашите членови. Ќе продолжиме заедно.“
18 јуни 1980 година
Средба во Ватикан

„Бог нека Ве благослови Вас и Вашите божествени активности.“
14 октомври 1987
Средба во Ватикан

„Многу сум благодарен за Вашата посета. Бог нека Ве благослови Вас и сите Ваши контемплативни активности.“
30 ноември 1988
Средба во Ватикан

„Ги поздравувам тркачите на Трката на мирот кои го носат факелот до дестинацијата на мир низ улиците на светот.“
31 мај 1995
Откако го благослови Факелот на мирот на Шри Чинмој и го држеше Факелот на мирот со Шри Чинмој во Ватикан

Од Шри Чинмој до Папата Јован Павле II

„Спасение-крал“

„Татко Јован Павле, Спасение-кралу!
Твојата галаксија на слава ја пееме.
Душевно блаженство, твојата внатрешна игра.
Плодна храброст, твоето надворешно име.
Бессоно ги будиш заспаните животи.
Во тебе живее Бог-Визијата на нашиот Господар.
О, Хималајски Павле, о, сјајна ѕвездо моќ,
му кажуваш на светот: „Нема ропство-ноќ.““

„Секој ден Светиот Татко му носи на светот нова надеж и ново ветување за подобрување на човештвото.“
„Вие сте жив амблем на мир на земјата.“
„Вашата храброст, верба и сомилост го подигнаа овој свет далеку, далеку над летот на нашата имагинација.“
„Самото Ваше присуство меѓу нас е врвен благослов за човештвото.“